еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

На вчерашната прес-конференција на Јавното обвинителство (ОЈО) по приведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинителката Вилма Русковска, рече дека за Лазар Јанев, синот на Јанева нема доволно основано сомнение дека е вмешан во какви било нелегални активности.

Како што е познато, тој работеше во телевизијата 1ТВ, а пред да биде приведена неговата мајка, беше со неа во нивната куќа во скопско Козле.

Синот на Јанева беше во фокусот кога се бараше вториот мобилен телефон на Јанева, за кој првично медиумите објавија дека тој го изгубил во Белград, а потоа откако истиот беше пронајден, но форматиран, медиумите објавија дека тој бил кај сестрата на девојката на Лазар.

Дополнителна забуна со телефоните пред некој ден внесе Јанева, која изјави дека двата телефони се уште се вештачат од страна на ОЈО, но и дека има трет телефон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стеван Павлески ќе ја застапува само Јанева, се откажа од Панделевски

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

(ВИДЕО) А1он: Пред да биде приведена, Јанева била со синот

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

Фото: Јанев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски ќе бара САД и ЕУ да бидат гаранти за “одложено дејство“ на уставните измени

Редакција

Македонец загина кај хрватскиот остров Вис, му се слошило додека нуркал

Редакција

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност!

Редакција