еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

За вакцинираните против Ковид-19: Не повеќе од два алкохолни пијалаци на ден за мажи и еден – за жени

Нема докази дека по вакцинацијата против коронавирусот, алкохолот влијае на ефикасноста на вакцината.

Ова е ставот на британската Агенција за регулирање лекови, којашто реагираше откако на социјалните мрежи се појавија гласини за потребата од апстиненција од алкохол две недели по вакцинирањето.

„Досега нема докази дека алкохолот влијае на ефективноста на вакцината против Ковид-19. Исто така, ништо во информациите на производителот на вакцини или во упатствата на Британската здравствена служба не посочува на ваков заклучок“, соопшти Агенцијата.

Се смета дека теоријата за апстиненцијата потекнува од Русија, каде што едно од официјалните лица јавно предупреди дека алкохолот може да ѝ наштети на способноста на организмот да развие антитела.

Илхем Месауди, директорка на Центарот за истражување вируси при Универзитетот на Калифорнија, вели дека поголемиот внес на алкохол генерално го нарушува имунитетот и го прави човекот поранлив на зарази.

– Но, кај луѓето кои консумираат алкохол во умерени количини, нема опасност. А, умерено внесување значи – не повеќе од два алкохолни пијалаци на ден за мажи и, еден – за жени, рече таа.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот модел Сара Стои во едиториал за српскиот Харперс Базар

Редакција

(ВИДЕО) Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час

Редакција

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети, кој рани полицаец и избега

Редакција