еМагазин
Image default
Македонија

За ВМРО-ДПМНЕ, „бомбите“ за Милошоски се доказ дека Заев не ги предал сите материјали на СЈО

За ВМРО-ДПМНЕ, „бомбите“ за нивниот сопартиец Антонио Милошоски се доказ дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не ги предал сите нелегално стекнати материјали на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Со вчера објавените бомби се покажа уште еднаш дека Зоран Заев извршил по илјадити пат кривично дело, тоа е дека не ги предал сите оние “бомби“ или прислушувани разговори во периодот од 2008 година до 2015 година, што значи дека е кривично дело, дека најверојатно уште ги поседува дали тој или некој негов близок, внатре во редовите на СДСМ.

Тие го најавија како бомби, се виде дека биле петарди. Имаше вчера и пратеникот Антонио Милошоски барање до Зоран Заев за јавно соочување, да ги соочат двајцата сите оние материјали кои што ги поседуваат во однос на снимени разговори итн. од укажувачи, јавно да ги соочат пред медиумите и да граѓаните сами проценат што и како има во нив“, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека во снимките не слушнал дека Милошоски му вели на поранешниот прв човек на Врховен суд, Јово Вангеловски (со кога разговара Милошоски во една од снимките) како да постапи.

“За содржината тоа треба институциите да го оценат… A во однос на она кое што јас го слушнав во ниту еден случај не чув дека Антонио Милошоски му вика на соговорникот направи вака или направи онака, или пак средив да биде вака или онака по принципот на „трас, трас“ судството како што слушнавме во бомбите за Зоран Заев.

Повторно би потенцирал и би се навратил на суштината на овие бомби, на овој случај. Најпрво дека Зоран Заев е нервозен, а потоа дека се гледа дека направил кривично дело, дека се уште има и поседува бомби кои што не се предадени во Jавното обвинителство и така би го повикал уште еднаш Љубомир Јовевски, кој што е негов привезок и Вилма Русковска која што работи под негова команда уште веднаш да отпочнат случаи и да истражат дали истите бомби се предадени сите, колку не се предадени и каде и кој ги поседува во редовите на СДСМ или од околината на Зоран Заев“, рече тој.

Вчера на канал на Јутјуб беа објавени пет аудио снимки.

Милошоски на Фејсбук напиша дека истите се во периодот од 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски најавува нови „бомби“

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адеми: Поддавањето рака за помирување не значи амнестија

Редакција

„Слободен печат“: Ќе нема реконструкција, туку нова влада со нов премиер

Редакција

Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД

Редакција