Дали некогаш сте помислиле дека кујната може да биде фасцинантно место за вашите деца?
Всушност, уште пред да ги повикате да ви се придружат, нивната фасцинација е веќе подгреана, бидејќи досега повеќепати Ве гледале како спретно и брзо работите сецкајќи зеленчук и превртувајќи ги нивните омилени палачинки.
Па дури и набљудувањето на пареата од тенџерињата и волшебните мириси на сè она што е на менито таа вечер за нив претставува вистинска магија! Дури и повозрасните деца би можеле да бидат заинтригирани од тоа како се надигнува и се пече погачата во рерната.
Па од овој аспект гледано не постои причина зошто не би ги поканиле во кујната за да Ви помогнат, давајќи им соодветни задачи за нивната возраст. Едноставно обидете се да ја перципирате кујната како мала лабораторија и започнете со експериментите, Ви ветуваме вашите деца ќе уживаат во овие активности и при тоа ќе научат нови вештини и ќе стекнат знаење повеќе од што сте очекувале.
Доколку имате помали деца оставете ги да можат да гледаат што правите и понудете им да Ви помогнат со мали задачи, како мешање или поставување на масата. Додека оние повозрасните можете да ги научите како да ги кршат јајцата или да ги мерат состојките.
Дури и тинејџерите може да се привлечат во кујната ако им кажете дека можат да го изберат рецептот за подготовка и да Ви помогнат околу готвењето.
Но, пред да ги зголемите апетитите и амбициите во кујна со нив, започнете со помали чекори каде ќе се осигурате дека им давате задача во која тие лесно ќе се снајдат и ќе стекнат самодоверба за посериозни кулинарски вештини.
Започнете со правење палачинки! Рецептот е едноставен но, за да се осигурате дека смесата е идеална и нема да завршите со загорено тавче и залепени палачинки ви предлагаме да земете готова смеса за палачинки Fantasia, на Макпрогрес, и самоуверено започнете ја играта!
Подготовката е толку едноставна што можете да им ја препуштите на најмалите додека Вие ќе бидете задолжени за делот околу шпоретот, а најзабавниот момент доаѓа кога се мачкаат и декорираат, тука заеднички одврзете ја фантазијата и ќе се изненадите од можностите.
Доколку сте почетник во прилог ви предлагаме неколку идеи: Готвење со деца овозможува практично искуство со многу основни вештини како што се читање, следење на насоки и мерење. Вклучувањето во готвењето му помага на вашето дете да развие добри моторни вештини, координација на очите, па дури и рани концепти за математика и наука. Постојат толку многу придобивки од готвење со деца.
И не заборавјате: децата учат со допирање, дегустација, чувство, мирис и слушање. Тие ги сакаат активностите во кујната затоа што можат да ги искористат сите придобивки од готвењето со сетилни чувства. Постојат многу начини да ги вклучите децата и во готвењето, потребно е само малце време и фантазија.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА