еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Заедно можеме повеќе“: Алкалоид и Црвен крст собраа околу 1.900 килограми облека за социјално загрозени семејства

Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека.

-Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова е втора масовна акција која ја спроведува „Алкалоид“ АД Скопје годинава во соработка со Црвениот крст.

Првата се одржа во текот на јуни годинава, по повод Светскиот ден на крводарителството, кој во „Алкалоид“ се одбележа со масовна крводарителска акција, за која беа пријавени околу 140 крводарители од компанијата во еден ден.

Со личен пример, кон акцијата, во која учествуваа повеќе од 2.000 вработени во компанијата, се приклучија и генералниот директор Живко Мукаетов и менаџментот на компанијата, информираат денеска од Црвениот крст на Град Скопје.

Ваквите заеднички иницијативи, додаваат оттаму, имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната одговорност кон општеството, помагајќи им на ранливите категории граѓани.

-Црвен крст на РСМ – Црвен крст на Град Скопје, заедно со сите поединци и општествено одговорни субјекти (компании) кои ги поттикнува да се вклучат и да го поддржат процесот на донирање половна облека, се стреми да придонесе за создавање општество на одговорни граѓани со добри навики, каде што секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее.

Преку процесот на донација на облека, како и преку работењето на социјалното претпријатие „Копче“, Црвениот крст поттикнува модел на одржливо живеење, односно поттикнува да се донира и да се купува облека која е веќе создадена и употребена, но која сѐ уште може да се користи, се вели во соопштението од Црвениот крст на Град Скопје.

Како што додааат од Црвениот крст, со ова не само што се помага некому кому му е потребна помош, туку и се влијае за намалување на исцрпувањето на природните ресурси што се користат при производство на нова облека, како и за намалување на отпадот што се создава од неупотребата на облеката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Редакција

Променливо облачно со температура под просекот и во наредните денови

Редакција

И денеска се потребни волонтери за да се однесе помош за семејствата кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија

Редакција