еМагазин
Image default
Македонија

Заев-Брнабиќ: Соработка, а не блокади, фокус на иднината, не на минатото

Северна Македонија и Србија се блиски и пријателски земји со традиционално добри односи, земја со која немаме отворени прашања, оцени по денешната средба премиерот Заев. Заеднички сме посветени рече, на унапредување на регионалната соработка, збрзување на интеграцијата на целиот регион во ЕУ врз основа на индивидуални заслуги на секоја заемја поединечно.

Се работи, посочи тој, на итензивирање на интеграциите и соработката на земјите на сите нивоа. Во таа насока, според Заев, е и денешното потпишување на три спогодби и заедничкото управување на граничниот премин Табановце – Прешево, со што, како што рече, дваете земји заедно исполниле уште една обврска за интеграција на земјите во ЕУ,  на регионално и европско ниво.

За унапредување на односите, рече премиерот Заев, сведочи и подобрувањето на трговската размена меѓу двете земји, унапредувањето на соработката во областа на туризмот, договорите за заеднички настап на трети пазари. Трговската размена била зголемен за 10,7 отсто, а размената на стоки и услуги достигнала вредност од милијарда евра.

-Наша трајна и непоколеблива заложба е да ги решаваме сите отворени прашања во регионот преку инклузивен дијалог во интерес на сите граѓани, со цел задржување на трајниот мир, развој на демократијата, економијата и животниот стандард на граѓаните, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев.

Регионалната соработка во овој момент се соочува со предизвици, да го следиме патот премостувајќи ги бариерите кон слободна трговија, послободен проток на граѓани, стоки, услуги, да се насочиме кон иднината, а многу помалку на она што се случуваше во минатато, е заедничката порака што ја пренесе на прес-конференцијата српската премиерка Ана Брнабиќ.

Изрази надеж дека вакви и слични спогодби во иднина ќе потпишуваат со сите останати земји односно економии од регионот бидејќи, оцени, само така ќе се обезбеди економски просперитет на регионот.

– Отворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија ќе придонесе за регионалната безбедност, рече таа. Потенцира дека Србија е за тоа во што пократок рок да се отворат преговорите со Северна Македонија, бидејќи регионалната стабилносот е најголем интерес за регионот и без стабилен одржлив и предвидлив регион, истакна, нема да имаме стабилни економии во овој реион.

Според неа, со отворањето на заедничкиот интегриран граничен премин е завршена огромна позитивна работа за граѓаните на Србија и Северна Македонија, но и за странците кои патуваат и преминуваат помеѓу двете држави.

– Ова е мошне важен историски ден не само за нашите две земји, туку и за целиот регион. Затоа сите заеднички со наши заложби мораме да бидеме политички храбри и паметни, да имаме визија пред себе, но не смееме да се фоскусираме само на некои кратковидни популистички политики, изјави српската премиерка.

Поосчи дека 2018-та била година кога е надминат износот од една милијарда евра во надворешно трговска размена, вклучувајќи ги и стоките и услугите, 856 милиони евра размена на стоки, а околу 198 милиони еври во секторот на услуги.

Значајно, како што рече, е и дигитализацијата на целиот регион за да се зголеми конкурентноста и на брз и ефикасен начин да се обезбедат поголеми плати и да се задржат младите да останат во нашиот регион.

Информира дека е потпишана и спогодба и за споделување доверливи информации и елиминирање на пречките кои се создаваат при размена на документацијата по електронски пат.

– Во 2020 година ќе имаме огромен скок во размената во секторот на услуги и ќе овозможи во двете земји да имаме се поголем број компании кои ќе инвестираат во понапредна технологија, инвовации, истражување, развој, образование… што заедно ќе је подигне на повиско ниво нашата конкурентност, рече Брнабиќ.

Изрази благодарност за тоа што од 4. септември почнува  изучување на српскиот јазик во основните училишта во Северна Македонија, нешто, подвлече, што ја продлабочува соработката во културата, образованието меѓу двете земји.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев-Брнабиќ: Лажните вести за „Рекет“ не се сликата за односите Скопје-Белград

Граничните и царинските контроли со Србија ќе се поминуваат со едно застанување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 389: Починаа уште 4 пациенти заболени со Ковид-19

Редакција

Недостасуваат половина попишувачи од македонската, турската и ромската заедница во Гостивар

Редакција

Аднан Азизи на местото на Биљал Касами во Собранието

Редакција