еМагазин
Image default
Македонија

Се сретнаа Заев и Касами, до вторник ќе има уште еден состанок

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на опозициската партија „Беса“, Билал Касами.

Од владината прес- служба соопштија дека на средбата, во позитивна и пријателска атмосфера, тие разговарале за барањата на партијата „Беса”.

– На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, претставници од раководството и пратениците од „Беса”, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 721 случаи на Ковид-19 од 3.323 тестирања

Редакција

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Редакција

39,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција