Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии, бидејќи владиниот авион е на сервис, објави порталот Сакам да кажам.
Од Службата за општи и заеднички работи на Владата за Сакам да кажам потврдуваат дека авионот „лирџет 60“ не е во земјава, туку на редовен сервис во Нирнберг, Германија.
„Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Официјалниот сервисер е во Нирнберг. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела“, вели за порталот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчески.
Ниту од Кабинетот на Пендаровски, ниту од Владата не информираа дека претседателот и премиерот летаат со редовни линии, оти владиниот авион е на сервис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитерџиите фатија „сеир“ оти Заев се врати од Австрија со комерцијален лет
Твитерџиите „фатија“ сеир за тоа што претседателот Пендаровски замина за Брисел со редовна линија
Фото: Фејсбук/Пендаровски