Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ во интервју за српски Курир, најави дека најверојатно во 2024 година ќе се повлече од политиката и дека ќе работи во семејните компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вели дека се доволни два мандати за да некој биде премиер, оти ако се остане повеќе на таа функција, постоел ризик да се стане автократ.
„Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Секогаш е здраво да доаѓаат нови луѓе.
Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашите компании, повторно да работам комерцијално.
Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва.
Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А, јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но, во тоа време беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Но, голема е честа да се биде премиер на својата земја“, вели Заев.
Фото: Влада