Премиерот Зоран Заев денешната прес-конференција во Владата, изјави дека наводите за смена на вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крашник Бектеши не се точни.
„Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. За Бектеши и Лика немам такво барање од неговата партија, што значи не се точни наодите“, изјави Заев на денешната прес-конференција.
На новинарско прашање дали лично е задоволен од двајцата како кадар, за Бектеши рече дека е задоволен, а од Лика не е задоволен.
„Ќе го кажам својот коментар, не можам да бидам задоволен со човек кој понекогаш доаѓа а понекогаш не доаѓа на работа. Доаѓаат на работа, процесите течат Рамковниот договор има своја административна постапка во функционирање на целиот овој наш систем, но би бил задоволен ако сите бидеме постојано на работа и тоа е исполнување на сервисната обврска кон граѓаните“, рече Заев.
Фото: Влада