еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев по прославата на Мечкин Камен продолжува во Охрид и Грција- министрите од денеска на одмор

Премиерот Зоран Заев по честувањето на Илинден на Мечкин Камен заминува на одмор во Охрид и во Грција, со неговото семејство.

Повеќемина членови на Владата дел од годишниот одмор ќе го искористат во првите десеттина дена од август, информираат од таму.

Заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска веќе е замината во Скандинавија.

Заменик-претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август.

Заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Министерката за правда, Рената Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4  до 11 август, но до сега без одлука каде.

И министерот за економија, Крешник Бектеши дел од одморот ќе искористи во првата половина од месец август. Со семејството сѐ уште немаат направено избор за својата дестинација.

Првата половина од месец август е планот за одмор и за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, исто така без определена дестинација.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција.

Надвор од земјата, дел од својот годишен одмор, ќе искористи министерот за образование и наука, Арбeр Адеми, како и министерот за култура, Хусни Исмаили, кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министер за локална самоуправа, Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

Во првата половина на август на одмор ќе замине министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, кој оваа година ќе замине на 7 дена во Грција.

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

Министерката без ресор задолжени за странски инвестиции, Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан за свој летен годишноодморски избор ја избра Турција каде што ќе замине на 31 јули.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор, Катица Јанева на „работа“

(Фото) Александра Заева на плажа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замрзнување на имот и забрана за влез во САД на тие што работат против Преспанскиот договор, нареди Бајден

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

„Ваква елка нема ни на Али Експрес„: Твитер реакции за елката во Скопје

Редакција