еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Заев по втор пат: Кој се ја преставувал Македонија на самитот во Давос

Преставници на Македонија на Светскиот економски форум во Давос, кој почнува денеска, како што потврдија од Владата за еМагазин се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во рамки на самитот Заев ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и други високи учесници на Самитот.

Заев во друштво на министерот за надворешни работи, Никола Димитров и поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски и лани беше во Давос.

Минатата година токму во Давос, Заев ја имаше првата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Токму на таа средба беа поставени контурите на Договорот од Преспа, чија ратификација е пред финале.

Македонија претходно повеќе од деценија немаше свои преставници во Давос.

Во 2003 година Македонија со делегација во Давос ја преставуваше и поранешниот претседател Борис Трајковски, а пред него и поранешниот претседател Киро Глигоров.

Фото: Ројтерс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Макрон и Путин не доаѓаат на самитот во Давос

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тестирање на границите нема да има, мерките за излез од Македонија биле за да не сме извозник на вирусот, велат од Владата

Редакција

„Алкалоид“ инвестира 1,8 милиони евра во проширување на производните капацитети во Србија

Редакција

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција