еМагазин
Image default
Македонија

Заев подготвен прв да земе двојазичен пасош со новото име – Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев во емисијата „200“ на телевизија Алсат М, на прашањето на уредникот на емисијата, новинарот Назим Раиди, дали е подготвен прв симболично да земе повеќејазичен пасош (македонски, албански, англиски…) со новото име – Репубилика Северна Македонија, одговори потврдно, но рече дека за тоа досега немал размислувано.

„Јас често кажувам и мои чести примери. Можеби ќе бидам првиот Македонец кој ќе земе нов пасош со новото име Република Северна Македонија. Јас прв реков: „Да живее Република Северна Македонија“. Тоа е редот. Јас треба да го отворам тоа. Не му е лесно на нашиот народ, зошто предизвикуваше одредени тегоби оваа прашање, но дава голема надеж и отвара перспектива“, истакна Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот немал никаква реакција, а не работел ни АБС системот за кочење: Судење за несреќата кај Ласкарци

Редакција

45 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, почина едно лице на 56-годишна возраст

Редакција

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Редакција