еМагазин
Image default
Македонија

Заев, Села и Гаши постигнаа решение за законот за државјанство, деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.

-Завршивме и денеска со состанокот, верувам дека постигнавме договр. Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали, изјави премиерот по средбата.

Појасни дека е договорено решение, на ако го соопштат сега договореното, пред да го стават на хартија, може да се направи различно видување во јавноста.

На законското решение, како што рече, ќе се работи веднаш, и дека не се соопштува договореното, тука ова го правиме само од аспект на внимателност.

-На предлог законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај нас како извршна власт и веднаш ќе го преставиме пред јавноста, рече Заев.

-Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија, потенцира Заев.

Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опозиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.

Села: Секој човек што е роден во земјата треба да е нејзин државјанин

Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села денеска рече дека нема да изнесува детали од разговорите со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за законот за државјанство и оти тие ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела.

– Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем.

Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем и се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став, кој ќе биде достапен и за јавноста да се знае кои се прашањата за кои сме се согласиле, секогаш водејќи се од идејата дека е важно да се реши проблемот, а не да говориме добри и големи зборови, рече Села, кој замоли новинарите да не бараат детали од разговорите.

Во принцип на секој човек што е роден во Република Македонија, матична држава му е Македонија, ја појасни Села позицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Измените на законот треба да биде основа за добивање државјанство, вели тој, потенцирајќи дека нивната позиција е на сите што се родени тука да им се констатира дека се државјани на земјата.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неизгласувањето на петиот пакет антикризни мерки Села рече дека пратениците на АА биле во Собранието за да гласаат, но, исто така рече дека не знае што се случува со претседателот на Собранието и никој нема одговор за неговото однесување.

-Да свикуваш седница во 18:12 часот, кога ми стигна пораката и да немаш предвид дека е месец на Рамазан. Има пратеници кои постат, а во 19 и 20 часот е ифтарот, а тие пратеници цел ден немаат внесено ниту вода, ниту храна, а цел ден да зборуваш за Деловникот и да не тие е јасно дека Собранието работи од 11 до 18 часот и ако има потреба за истата седница продолжува со одлука на претседателот на Собранието. Се знаат точно кои седници траат до 12 часот, рече Села.

На одредени коментари дека тие го блокирале носењето на овие закони, лидерот на АА рече дека поставил прашање дали Владата навистина има пари за овие мерки.

За тоа дали во иднина повторно ќе блокираат закони, Села рече дека тој нема право да одлучува за пратениците оти имаат право на тоа по закон и по Устав, исто како што никој не може да им наложи на пратениците дека мора да присуствуваат на седница.

-Наш работодавач не е Талат Џафери, кој си зема право да чита списоци, кој е потпишан, итн. Наши работодавачи се граѓаните и тие одлучуваат дали ние ќе продолжиме да бидеме пратеници или не.

Во моментот кога го одблокираа законот за државјанство и ние ја тргнавме блокадата на петиот пакет сет мерки. И така ќе биде секогаш кога ќе ни блокираат некоја одлука или некој закон, а не се мешаме во тоа како гласаат пратениците, рече Села.

Ги отфрли тезите дека тие се поткупени, потенцирајќи дека „тие што се должни да обезбедат мнозинство и кворум се тие што се фалеа дека имаат направено Влада за четири години и дека имаат стабилно мнозинство“.

-Кога има закони кои се однесуваат на ситуацијата или на кризата нема потреба некој да ни кажува дека треба да бидеме тука. Нашите пратеници синоќа се вратија од дома. Овде се брзаше да се почне за да  не се донесат мерките.

Имаме доволно совест како опозиција за да ги сфатиме работите како што се. На тие што им фали совеста од 20 години власт се други политичари. Не е ниту АА, нути Алтернатива, рече Села.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снег ќе ја покрие скоро цела Македонија, од УХМР најавуваат и ветер и постудено време

Редакција

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

Редакција

Во ГОБ „8 Септември“ потешка клиничка слика имаат 30 пациенти: Примени 20 нови, хоспитализирани 109

Редакција