Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот свет, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70-тиот роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани“, додава Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е во владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО во Лондон
Фото: Фејсбук/Заев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.