еМагазин
Image default
Македонија

Заев телефонски му ја честитал победата на Мицотакис

Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.

„Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери.

Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Во разговорот упатив признание и честитки за успешните демократски избори со кои Грција уште еднаш покажува дека е водечка земја во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи“, напиша Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Династијата Мицотакис цел век ја ткае историјата на Грција

По победата на Мицотакис: Доаѓа ли време на заладување на грчко-македонските односи?

„Мицотакис победи, на ред е МИЦКОтакис„: Твитер реакции за изборите во Грција

Мицотакис по победата на изборите: Грција повторно гордо ја крева главата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот за безбедност на ОН ниту ќе дискутира, ниту ќе одлучува за Договорот од Преспа

Редакција

„Маџар телеком“ одложен за 8 мај поради здравствени проблеми на еден од сведоците

Редакција

ИРИ: Заев со најголем рејтинг, Груевски со поголема поддршка од Мицкоски

Редакција