еМагазин
Image default
Македонија

Заев за МИА: На Грција е да коментира дали се зборува македонски јазик кај нив

“Тоа е право на Грција, тоа треба тие да го коментираат. Со наше невнимание би можеле да предизвикаме незгодни ситуации поради тоа што имаме јасен и прецизен договор, што ние политичарите треба да веруваме во него и внимателно да го имплементираме, а после тоа и граѓаните на двете земји, така што оставам тоа Грција да си го коментира, тие си имаат свој начин на поставување на работите, ние ги почитуваме, тие се наш стратешки партнер“, вели во интервју за МИА, премиерот Зоран Заев, на прашањето дали е проблем да се каже дека се зборува македонски јазик во Грција.

На прашањето дали има коментар за узбуната што се крена околу користењето или не на зборот „македонски јазик“ кај населението во Северна Грција, одговара:

“Договорот е јасен. И ако го следиме духот на пријателството многу лесно ќе се објаснуваме. Прво факт е дека нашиот јазик е македонскиот јазик, тоа е прифатено во договорот. Истовремено е факт дека е од групата словенски јазици. Научен, потврден факт.

Исто така е јазик на сите граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората. Но тоа е различно од хеленското културно наследство, со нивните традиции. Тоа е разграничено. И во духот на добрососедството, и градењето на пријателството, треба да имаме разбирање за вакви прашања. Токму тоа и министерот Димитров го објаснува, и на крајот реков – идентитетските прашања се лични, нешто што го носиме во градите, тоа никој не може да го смени“.

Целото интервју на МИА, ОВДЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 5 пациенти од Ковид-19: Бројката надмина 3.000

Редакција

Осум нови случаи на Ковид-19 во Куманово

Редакција

Ревакцинирани вкупно 748.563, трета доза примиле 782 граѓани

Редакција