еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Жената ги заслужува сите денови во годината

„Еднакви! Можеме!“ е слоганот на традиционалниот марш што се одржа денеска по повод Меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Маршот, што почна пред зградата на ЕУ инфо центарот и продолжи низ улиците во центарот на Скопје, се заокружи со собир во Градскиот парк.

– Жената не го заслужува само вчерашниот ден, таа го заслужува и денешниот ден и сите 365 денови во годината. Нашите маршеви не се за славење, туку за борба, борба за жените и девојките кои го заслужуваат пиедесталот во општеството, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Тој истакна дека ќе продолжи да маршира со жените се додека не се стасаме до конечната цел за единство кое може да се постигне.

– Речиси во сите 17 цели од одржлив развој на ОН се споменуваат жените и девојките. Како земја членка наша обврска е тие цели да ги достигнеме дури и порано од 2030 година. Да обезбедиме здрав живот и благосостојба за сите, родова еднаквост, еднакви шанси за вработувања и пристојна и еднаква плата за сите. Ако не се вклучат жените и девојките во целиот свет не е можно ова во целиот свет, а така е и во нашата земја – рече Заев.

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова потенцираше дека испраќаат порака за еднаквост, за која ја продолжуваат борбата.

– Борбата за еднаквост продолжува, ќе продолжиме да ја креваме свеста, рече Ласкова.

Таа потенцираше дека се преземаат активности за унапредување на родовите права и посочи на, како што рече, добиената битка со Законот за абортус одлуката да ја има самата жена. Горда е квотата за жени од 40 проценти во Изборниот законик и најави заложби бројот на жени во политиката до 2020 година да се зголеми на 50 проценти.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените на СДСМ на 9. март ќе маршираат за 8. Март: Зошто не се приклучија на маршот за правата на жените, па да ги слушнат барањата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Коѕијас: Северна Македонија има сопствен јазик, Бугарија се прави Херкулес без мускули

Редакција