Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности. Ова го констатира Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења.
Тие извршиле увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.
– По добиените резулатти од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.
Оттаму информираат дека конитинуирано ја следат работата на депонијата „Дрисла“ и на печката за согорување медицински отпад.
Фото: Министерство за животна средина