На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот, информира МВР.
Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.