еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 61-годишен работник во Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино извршија увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од пет метри, загина 61-годишен работник од Неготино, информираа попладнево од Обвинителството.

– На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното досие на починатиот работник и ќе го проследи до Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со извештај за утврдената состојба во поглед на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа, појаснија од Обвинителството.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Редакција

Од следната година Хрватска го воведува еврото

Редакција

Хеликоптерската единица на МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија

Редакција