Порталот „Кумановски муабети“ ја објави содржината на вчерашниот мејл за дојава за бомба во училиште во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојави за бомби и во 10 училишта во Куманово
„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин.
Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“, стои во електронската порака која ја објави „Кумановски муабети“.
Пораката е испратена од електронската адреса [email protected], а нејзиниот наслов е „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.