еМагазин
Image default
Македонија

Закон за амнестија: Нема простување за насилниците и организаторите на настаните од „27 април“

Предлог законот за амнестија нема да ги опфати организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието. Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка.

Овој предлог за амнестија вчера беше усвоен од Подгрупата за помирување во Собранието и доставен до Интерпарламентарната група за интеграција и помирување која треба да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што ќе се носи по скратена постапка.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа продгрупа, истакна дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање.

„Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан“, посочи Рамчиловиќ.

Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка.

За Предлог-закон за амнестија, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека нивниот став е принципиелен и дека треба да има целосна амнестија за настаните од 27 април лани во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на ова тело, затоа што, според него, станува збор за политички пазарења поврзани со уставното име Република Македонија.

Јавната обвинителка Вилма Русковска вчера изјави дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, оти, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет. Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку оти може да има комплетно нова

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доби нов претседател, избрани и советници на Мицкоски

Редакција

Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Нов гаф: Пендаровски на тет-а-тет средба со Ѓукановиќ со наопаку поставено црногорско знаме

Редакција