Предлог-законот за амнестија поднесен од група пратеници од опозицијата за учесниците во настаните на 27. април, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница
Иако Владата го отфрли прадлог-законот останува неизвесно дали ќе го промени ставот откако се погласни станаа најавите дека се губи парламентарното мнозинство потребно за прифаќање на уставните измени согласно Преспанскиот договор.
Ви пренесуваме дел од содржината на законот:
„Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор (во натамошниот текст: „амнестија“) лицата: -осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27. април 2017 година за кои постои основано сомнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле кривични дела согласно член 384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386 – Насилство, согласно член 385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија, -лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 година.
Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон“, пишува во предлог-законот.
Целиот закон ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?