еМагазин
Image default
Локално

Запален камион со отпаден материјал во населбата Усје, пожарот изгаснат

Камион со отпаден материјал се запали попладнево на приватен плац на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот е изгаснат за кратко време и оти нема никаква опасност. Интервенирано е со четири возила.

Пожарот е пријавен околу 13:50 часот и веднаш е излезено на терен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден велосипедист од Битола по удар од „мерцедес“

Редакција

Екипите на ЕВН почнаа со работа во Слупчане, жителите на селото ќе плаќаат колку што ќе потрошат

Редакција

Возрасни мажи се тепале двајца на еден поради недоразбирање

Редакција