Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека на ден 31.05.2022 година издаде дозвола број 04 за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд менаџмент АД Скопје.
„Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условно одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд менаџмент АД Скопје.
Ова одобрение е условно до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови,“ се вели во соопштението.