еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација за сомнителни случаеви на корона вирус

Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Лобардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за здравство Венко Филипче, одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која се констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво, информираат од Министерство за здравство.

„Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени, кои дополнително ќе бидат координирани на денешниот состанок со Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Министерството за внатрешни работи, закажан за 17 часот.

Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродроми во земјата.

На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба.

На Скопскиот аеродром, термалната камера се поставува на локација од која ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега само патниците од Дубаи и Истанбул. Со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат на од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид,“ се вели во соопштението

Доколку се јави потреба, Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација.

Тестирањата на сомнителни случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и во Куманово, а Министерството за здравство информира дека во земјава има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Корона вирусот може да затвори кумановски чевларски компании кои извезуваат во Северна Италија

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

МНР нема информации за македонски државјани во Италија заболени од корона вирус, повикуваат на претпазливост при патување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево со температура од 18 степени во првиот ден од Новата година

Редакција

(Видео) Русите чекаат 48 часа да влезат во Грузија, опозицијата бара затворање на границите и воведување визи

Редакција

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1.618 тестирања, најголем број во Скопје

Редакција