Владата на вчерашната седница донесе Уредба за изборниот процес во кој се предвидува гласањето на изборите да биде на 15 јули од 7 до 21 часот.
Во Уредбата се предвидува на 13 јули 2020 година да гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на корона вирусот и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат. Тие ќе гласаат од дома.
Во општините во кои гласаат лицата од став 3 од овој член, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои го спроведуваат гласањето на лицата од ставот 3 од овој член, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик.
На 14 јули 2020 година гласаат немоќни и болни лица согласно член 111 од Изборниот законик, како и хронично болните лица и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба од 8 дена
Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули