еМагазин
Image default
Балкан

Засега никој не сака да прави влада со Борисов

БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов, „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо Проданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Проданов, доколку сите партии изјавија дека се „за“ смена на владата на премиерот Бојко Борисов, тогаш може да се зборува за поддршка на владата со мандат на партијата „Има таков народ“.

Проданов ја потврди намерата на неговата партија да не ја поддржува владата на ГЕРБ во каква било форма. Според него, доколку е потребно, може да се оди и на нови избори во Бугарија.

Сите партии, со исклучок на „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, загубија на парламентарните избори во Бугарија.

Што се однесува до поддршката на БСП за претседателот Румен Радев за нов претседателски мандат на изборите на крајот на годината, Проданов кажа дека е речиси 99 отсто убеден дека членовите на БСП ќе ја поддржат сегашната претседателска двојка, бидејќи како што им се допаѓа работата на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, така им се допаѓа и работата на Румен Радев и Илијана Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчките камионџии на протест поради „хаосот“ на граничниот премин Евзони

Редакција

Западен Балкан еден од приоритетите во надворешната политика на Бајден

Редакција

Во белградското училиште „Владислав Рибникар“ продолжува наставата, дежураат 6 полицајци, а родителите бараат крај на учебната година

Редакција