На 13.12.2020 во 09,00 часот во Полициска станица Гевгелија, било пријавено дека во Општата болница Гевгелија бил донесен Р.И.(67) од с.Кованец, кој, според пријавеното, на лов се повредил со огнено оружје, информира МВР.
Потоа, во 11,00 часот во с.Кованец од З.И.(40) од с.Кованец одземено е огнено оружје марка „Бајкал“ модел ТОЗ-63.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.