еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Здравствената состојба на Јанакиески се влошува, тој се жали дека „ова не е живот“

Здравствената состојба на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се влошува, изјави за „А1он“ неговиот адвокат, Еленко Миланов.

Тој додава дека здравствена состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во поблага мерка, но сепак за тоа ќе треба да одлучи Кривичниот совет.

Денеска на рочиштето за „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Јанакиески рече дека „ова не е живот“, на што обвинителкста Лиле Стефанова му одговори дека „сам си го уништува животот“.

Јанакиески веќе неколку дена штрајкува со глад, по што вчера состојбата му се влошила и беше однесен во ГОБ „8 Септември“.

По укажаните прегледи, терапијата продолжил да ја прима во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Јанакиески заврши во болница со болки во бубрезите, па повторно вратен во затворот во Шуто Оризари

„Март: Пошто го губиме статусот на УНЕСКО, притвор за Миле Јанакиески„: Твитер реакции

Сопругата на Јанакиески си ја отвори душата на Фејсбук: Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото “уапси го Миле”

Фото: Фејсбук/Јанакиески/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир, Аеродром и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје

Редакција

Нови 175 случаи на Ковид-19 од 1.733 тестирања, во Скопје 90

Редакција

Боледување на адвокатот на обвинети во „Монструм“ го одложи судењето

Редакција