еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен број на гости во Охрид: Проблематично е што не се носат маски при групирање

Продолжениот викенд донесе зголемен број гости во Охрид од другите градови. Полицискиот час во кризните жаришта со коронавирусот резултираше со зголемена посетеност на туристичките центри во кои на сила е делумно ограничување на движењето.

Она што беше карактеристично денеска во Охрид како наша најпозната туристичка дестинација е зголемената раздвиженост на луѓе по чаршијата, долж Кејот на Охридското Езеро и низ градот, но без позначајна посетеност на угостителските објекти, кафулињата и рестораните.

Двомесечната изолација наметната поради епидемијата на коронавирусот како да ги одвикна луѓето да одат по кафеани и ресторани. Дури и со намален ограничен капацитет на столици, кафулињата во градот не беа полни. Рестораните уште попразни, иако градот бележи зголемен прилив на гости од другите градови.

Најголем проблем во сите овие вонредни околности наметнати со епидемијата веројатно е неодговорно однесување на поединци, кои не се придржуваа на препораките за носење заштитни маски.

Зголемената посетеност во градот донесе поголеми гужви на јавните места како шеталиштата, како и на продавниците и маркетите. Наспроти маркетите каде редари се грижеа за носењето заштитна опрема, тоа не беше случај на шеталиштата, во парковите каде можеше да се забележи непридржување на препораките за носење маска во присуство на поголем број лица.

Инаку, Охрид е меѓу градовите каде викендов на сила е делумен полициски час, односно забраната за двиежење важи од 16 часот попладне до 5 часот наутро. Тоа го искористија сите оние граѓани од оние центри каде на сила е целосна забрана за движење, а кои имаат свои станови и куќи во Охрид и околината, да бидат тука за време на продолжениот викенд.

Забраната за движење во периодот на полицискиот час се почитува, но останува да се види како однесувањето на луѓето ќе се одрази врз бројот инфицирани со Ковид-19 во градот. Одговорното однесување на охриѓани во време кога на сила беа најстрогите мерки за справување со последиците од епидемијата резултирааа со релативно мал број инфицирани лица во општината.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Една фотографија, илјада зборови: Скопјани бегаат од карантинот

Филипче за „бегството“ од Скопје: Мерките мора да се почитуваат каде и да се наоѓаат граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петер Зелен си заминува од НЛБ Банка

Редакција

„Виз ер“ на патниците им ги враќа парите за една недела

Редакција

УЈП распродава запленети возила по багателни цени

Редакција