еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на издадени одобенија за градење во декември

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.727.211.000 денари, што е за 7.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (59.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 87 (28.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 305 објекти, на 192 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 113 (37.1 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32.203 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 195.000 евра: МВР купува летни панталони за полицајците

Редакција

Македонија ќе учествува со 213.736 евра во европски солидарни фондови, меѓу кои и за помош на Украина

Редакција

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Редакција