еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 6,1%: За една недела 2.471 нови случаи на Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 4 до 10 јануари покажуваат зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 за 6,1%, споредено со претходната недела.

“Тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.

Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 11 до 25%, просечно 19%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), со неделна инциденца – 184,6/100.000.

Највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 39 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Три лица биле на возраст од 40 до 49 години: За една недела 74 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема опасност за куќите кај струшката населба Елен Камен, пожарот сè уште е активен

Редакција

Изборниот законик прв чекор, втор чекор промена на цензусот за успешност на референдумот?

Редакција

(Видео) Страв во очите на синот на Кашоги при средбата со принцот на Саудиска Арабија

Редакција