еМагазин
Image default
Локално

Жена од Гостивар киднапирана од двајца роднини

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина. Според СВР Тетово, гостиварката Џ.С (30) синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар.

По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини А.А.(32) и Б.О. (46), двајцата од Гостивар.

Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тепачка пред кабаре во Делчево

Редакција

МОН му ги одзеде ингеренциите на Таравари

Редакција

Со возило удрил велосипедистка и побегнал

Редакција