Истражувањата покажуваат дека жените возат побезбедно од мажите. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), 77 отсто од сообраќајните несреќи со фатални последици се предизвикани од возачи мажи, а само 23 отсто од возачи жени, соопшти Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Додаде дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените кои управуваат возила.
-Жените помалку возат без возачка дозвола, помалку возат под дејство на алкохол, односно тие повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ако дефанзивното возење се карактеризира како „женско возење“, ако почитувањето на правилата на ограничување на брзината се карактеризира како такво возење, ако почитувањето на пешаците и велосипедистите во сообраќајот е исто така „женско возење“, тогаш ајде сите да возиме така, бидејќи е побезбедно и посигурно, смета Манчев.
Посочува дека секоја поделба на возачите на мажи и жени се прави исклучиво за статистички и научни цели, но индивидуални позитивни и негативни примери има незвисно од кој пол е возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените се уште за истото ниво на образование добиваат пониска плата од мажите
МИА