еМагазин
Image default
Македонија

Жител на Чајле е петтиот позитивен на Ковид 19 во Гостивар

Во Општина Гостивар евидентиран е нов случај на инфициран со коронавирусот. Вкупната бројка на регистирини до денеска е пет.

Утрово, градоначалникот Арбен Таравари добил информација од Институтот во која било наведено дека жител на селото Чајле е позитивен на Ковид19 тестот.

Станува збор за повозрасен маж кој претходно имал симптоми и се обратил кај матичен лекар, по што му било направено тестирање. Тој денес ќе биде згрижен во Инфективното одделение во гостиварската болница.

Според најновата статистика, во Гостиварско се тестирани вкупно 143 лица, од кои осум биле позитивни.

Меѓу нив има тројца здравствени работници и еден граѓани, две лица од Општина Врапчиште, еден струмичанец кој бил во државен карантин во Маврово.

Еден медицински техничар кој на првиот тест се покажал како позитивен, на повоторното тестирање покажал негативен резултат.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

30,6% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на протокол во МНР поднел оставка, по грешката со словенечкото знаме, вели Османи

Редакција

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

ДУИ ќе ги тужат сите политичари, политички партии и медиуми, ако за 24 часа не се извинат за „лажните вести“ за ПИОМ

Редакција