Б.С. (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С. (43) од село Липково, по што Ј.С. починал.
Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, синоќа околу 19.00 часот од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож.
По пријавувањето на настанот, соопшти денеска МВР, увид на самото место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.