еМагазин
Image default
Бизнис

Живко Калков назначен за нов стечаен управник на штипски „Бетон“

Нов стечаен управник на градежната компанија „Бетон“ од денеска и официјално е Живко Калков.

Решението за негово назначување го потврди и судијата кој ја води стечајната постапка за оваа компанија. Пред една недела, Собранието на доверители донесе одлука стечајниот управник Драги Димовски од Струмица да се замени со Живко Калков.

Во известувањето на Основниот суд во Штип стои дека ја известува јавноста оти стечајниот судија донесе решение со кое стечајниот управник именуван со решението за отворање на стечајна постапка е разрешен и за нов стечаен управник е именуван Живко Калков од Скопје.

–Стечајниот судија пред донесување на одлуката испита дали се исполнети законските претпоставки за именување на новиот стечаен управник, односно дали постојат законски ограничувања за негово именување.

По добивањето на известувањето од 28 јануари од Министерството за економија, согласно кое стечајниот управник Живко Калков од Скопје е на листата на стечајни управници на надлежниот Основен суд Штип, како и по доставувањето на изјавата од Живко Калков за непостоење на пречки за негово именување за стечаен управник, примена во судот на 28 јануари, одлучи дека нема пречки Живко Калков од Скопје да биде именуван за нов стечаен управник на должникот Градежно трговско друштво Бетон-Штип АД Штип во стечај, се вели во соопштението на Основен суд-Штип.

На 7 февруари продолжува Собранието на доверители, каде ќе се одлучува по две точки, едната е дали останува истиот состав на Собрание на доверители и втората е произнесување за иницијативата за реорганизација на фирмата Бетон, доставена од еден од доверителите.

Доколку на 7 февруари се донесе одлука за реорганизација, во тој случај иницијаторите треба да достават и план како ќе продолжи да работи „Бетон“, но доколку не ја прифатат иницијативата, оваа компанија ќе се ликвидира.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешки “Кристал 1923“ ги објави платите на членовите на Одборот на директори

Редакција

Тевдовски: До крајот на годината сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

Редакција

Бензините поскапуваат до денар, а дизелот за 1,5 денари

Редакција