Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, на издржување казна затвор од три години за случајот „Рекет“, информира за МИА директорот на затворот, Есад Рахиќ.
Од Основниот кривичен суд во Скопје велат дека Милески во меѓувреме побарал одложување на издржувањето на затворската казна. За барањето треба да одлучи судија за извршување санкции.
Според упатниот акт од Основниот кривичен суд во Скопје, Зоран Милески требаше сам да се пријави на издржување на казната до вчера, на 12 октомври 2020 година.
Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кичеец денеска треба да оди во затвор, потврдил дека ќе се јави на издржување на казната
МИА/Фото: МИА