Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отвореност ги објави трошоците на директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.
Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во втората половина на минатата година има направено трошоци во вкупен износ од 294.742 денари и тоа по следните ставки:
1.При патувања во странство – 192.430 денари од кои: за авионски билети – 102.857 денари и за хотелско сместување – 89.573 денари.
2.Трошоци за репрезентација во Република Македонија – 83.040 денари од кои: угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100 денари и
угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940 денари.
3.За службен мобилен телефон – 19.272 денари.
„Истовремено, потсетуваме дека Агенцијата отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата“, велат од Агенцијата.
Фото: Фејсбук/Трајчевски