еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зошто само Македонија се условува да интервенира за „бугарскиот фашистички окупатор“, а не и Грција и Србија

„Бугарија повторно на погрешната страна на историја“, “Македонија не е и е виновна на Бугарија зошто за време на Втората светска војна, тогашната бугарска влада одлучи да се здружи со фашистичка Германија на Адолф Хитлер“… се дел од бројните коментари на социјалните мрежи за апсурдните услови, кои ги бараат бугарската Влада и Собрание за Македонија на нејзниот пат до зачленување во Европската Унија (ЕУ).

Како што е веќе познато, меѓу бројните услови кои Бугарија ги бара се и откажувањето од македонското малцинство во Бугарија, наместо македонски јазик, ЕУ да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“, да се острани „бугарскиот фашистички окупатор“ од учебници, споменици и спомен плочи…, а за истите преку писмо регираа и група македонски и бугарски интелектуалци, кои сметаат дека рамковната позиција на Софија е понижувачка за Македонија.

Според нив најзагрижувачко е што оваа позиција на бугарската Влада го потврдува потценувачкиот однос кон политичкиот и културниот идентитет на Македонија.

„Негирањето и понижувањето на македонската култура што се создаде во последните децении може само да поттикне омраза кон Бугарија. На овој начин, бугарската рамковна позиција, наместо да ги зајакне нашите односи, засновани врз нашата заедничка историја, ќе создаде нова поделба кон сомнежот и непријателството.

Сето ова е длабоко вознемирувачко и го доведува во прашање севкупниот развој на преговорите во иднина. Наместо да ставиме ултиматуми, би сакале уште еднаш да потенцираме дека треба да има поактивна бугарска политика“, стои во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љубчо Георгиевски: Ултиматум од Бугарската влада е суспендирање на Договорот за добрососедство

Што Македонија веќе исполни од условите кои ги бара Бугарија, согласно Договорот за добрососедство

Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на барањата на Бугарија, одговорија дека прашања во врска со идентитетот неможат да бидат предмет на преговори.

“Идентитетот не е прашање на кое се преговара во 21-от век. Современа европска Бугарија верувам дека тоа го разбира“, изјави Заев, кој вели и дека ќе го зачуваме македонскиот јазик, кој е впишан во ОН и е признат секаде.

Барањето за некористење на формулацијата „бугарскиот фашистички окупатор“ е еден од условите кој предизвика големо внимание во македонската јавност.

Барањето за граѓаните звучи ултра апсурдно, имајќи го во предвид историскиот факт дека Бугарија за време на Втората светска војна ја окупираше Македонија, заедно со тогашна фашистичка Италија, а општо познато е и дека Бугарија во тоа време окупираше делови од Грција и од Србија.

Па, логично се наметнува прашањето зошто Бугарија не бара интервенции во тој дел од Србија, која веќе ги води преговорите со ЕУ или од нејзниот сосед Грција, со која се заедно во ЕУ и НАТО. Или само на нас и може на Бугарија?

И тие ја користат и во учебниците и на спомениците и спомен плочите истата формулација „бугарскиот фашистички окупатор“.

Дали апсурдните барања на Бугарија имаат сосема некоја друга позадина, што нема да биде никакво изненадување, имајќи ја во предвид историјата, времето брзо ќе покаже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Този фашист не е фашист“: Твитер реакции за условите на Бугарија за Македонија за членство во ЕУ

Бугарски и македонски интелектуалци: Рамковната позиција на Софија за преговорите со ЕУ на Скопје е понижувачка

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски читаше книга на седницата во Собрание, на која се расправаше за „францускиот предлог“

Редакција

Обвинителство со детали за смртта на ракометарот Тот: Бил нападнат од три лица, изгубил свест и со главата удрил на асфалт

Редакција

Падна црногорската Влада

Редакција