Позитивниот пример за применување на 3 месечно скратено работно време на родителите што користиле боледување поради раѓање или мајчинство е пример на позитивност и значајност кој го поддржа и раководството на Зур и Дим маркети.
Како компанија која функционира повеќе од 17 години како Грандпром Зур (Дим) со повеќе од 20 продажни локации на Зур маркети низ територија на Скопје, и со над 270 вработени, од кои околу 210 се жени од различни годишни возрасти сметаат дека вработените се најзначаен фактор за успехот и напредокот на компанијата.
„Одлуката за да се приклучиме кон оваа кампања за скратено работно време после отсуство поради раѓање и мајчинство е уште еден доказ дека вработените се од голема вредност за компанијата и ние како компанија се гордееме со нив и нивните способности. Затоа би сакале да им овозможиме подобри услови во работата со кои би им обезбедиле напредок за градење кариера и подобар живот работејќи во нашата компанија (дома), а не надвор од републиката каде секогаш би биле странци“, изјави Даниел Димовски, маркетинг раководител во Зур маркети.
Тој додава дека акцијата вклучува скратено работно време во траење од 3 месеци за сите кои користеле боледување поради раѓање и мајчинство, а притоа придонесите би им биле исплаќани како за полно работно време. Мерка која на вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи и усогласување на деловите и обврските како родители
Оваа одлука за Зур и Дим маркети е уште една од повеќето измени кои следат во идниот период, посебно во делот на грижа за вработените, зголемување на личниот приход, за стимулирање на задоволството и подобар статус на вработените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ