еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција сменила еден сообраќаен знак, наместо Скопие, сега пишува Скопје

За пет години, согласно Преспанскиот договор, Грција досега сменила само еден сообраќаен знак, а за истото ги информирала македонските власти завчера.

На истиот сега наместо Скопиа, пишувало Скопје, откри министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата „Трилинг“ која се емитува на ТВ 24.

Тој во врска со оваа обврска на Грција, согласно Договорот, го повтори тоа што во неколку прилики го имаат кажано грчките власти – дека за менувањето на сообраќајните знаци на кои за Македонија се уште пишува ФИРОМ и Скопиа, биле надлежни тамошните општински, а не државните власти.

Османи смета дека суштинскиот дел од Договорот бил испочитуван и од двете страни.

-Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано.

Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел.

Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Договорот од Преспа, рече Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби, вели Спасовски

Редакција

На провокациите одговоривме согласно законите, Бугарија не направи доволно за да ги спречи, велат од македонското МНР

Редакција

(Фото) Отворен 12. „Џифони Македонија“

Редакција