еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев од Атина го повика Мицкоски да покаже лидерство и да го почитува Преспанскиот договор

Во Атина, Грција, вчера започна Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, која ја организираат поранешниот македонски премиер Зоран Заев и неговата „Фондација Заев“ и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и неговиот „Институтот Алексис Ципрас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев и Филипче на конференција за Преспанскиот договор во Атина

На Конференцијата меѓудругите се обрати и Заев, кој го повика идниот македонски премиер Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, да покаже лидерство и да ги почитува одредбите на Договорот од Преспа.

Со Ципрас тие го повикаа и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис заедно со Мицкоски да ја преземат одговорноста за целосно спроведување и почитување на Преспанскиот договор.

-Мицкоски да покаже лидерство и да ги почитува одредбите од Преспа, бидејќи јавно изјавува дека ќе го почитува Договорот. Но, ако тој не го употребува уставното име на нашата земја не само што испраќа лош пример пред граѓаните со кршење на Уставот, туку тој со тоа ќе крши и меѓународен договор и со тоа го доведува во ризик евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Мицотакис во повеќе наврати јавно потврди дека ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат до членство во ЕУ. За време на неговиот мандат двојно повеќе е зголемена економската соработка меѓу двете земји, а авионите на грчката армија веќе патролираа на нашето небо како дел од соработката како НАТО членки.

Со тоа Грција ги исполнува обврските кои произлегуваат од трите меморандуми како обврска од Преспанскиот договор и токму затоа нема потреба да се одлага нивната ратификација во Парламентот на Грција, порача Заев.

Конференцијата завршува денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев и Ципрас му ја дадоа првата награда за мир “Преспа“ на Нимиц

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина пресудата за „бомбашот“ Ел Чека

Редакција

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето за датум за преговори до октомври

Редакција

Нови 627 случаи на Ковид-19 од 2.865 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 18.469

Редакција