За упадот во Македонска навигација (М-НАВ), Друштво во државна сопственост се осомничени осум лица, а четири се уште се недостапни за органите за прогон.
Меѓу нив, како што објави телевизијата Телма е и поранешниот фудбалер Ерсен Сали, кој во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност.
Тој не завршил во затвор, бидејќи Апелациониот суд му ја преиначил пресудата во условна казна, односно – да не оди во затвор доколку не направи кривично дело во наредните три години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите лица се осомничен за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а четири лица кои се достапни за истражните органи добија мерки на претпазливост, наместо притвор како што побара Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: М-НАВ