еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Валбон Лимани, кој е избран за в.д. градоначалник на Гостивар

Бидејќи Арбен Таравари стана министер за здравство, за в.д. градоначалник на Општина Гостивар е избран Валбон Лимани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Валбон Лимани стана в.д. градоначалник на Гостивар

Лимани на функцијата доаѓа од позицијата претседател на Советот на Општината.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стапил на оваа функција.

Каков имот пријавил

На свое име има стан во Гостивар.

Вози Форд фиеста.

На име на родителите пријавил стан, деловен простор и земјиште во Гостивар, како и куќа во Маврови Анови.

На свое име пријавил и кредит од 1,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2038 година, а кредит пријавил и на име на сопругата, од 610 илјади денари, кој треба да се врати до 2029 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски Аеродром доби заменик градоначалник откако Муцунски стана министер

Фото: Општина Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бегајќи од полицијата од „ауди“ исфрлил 53 килограми марихуана

Редакција

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Редакција

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Редакција