еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Хусни Исмаили, поранешниот министер за култура, кој доби кривична од Финансиската полиција

Поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, заработи кривична пријава од Финансиската полиција заради сомнеж за несовесно работење во службата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за поранешниот министер за култура Исмаили, го оштетил буџетот за половина милион евра

Според Финансиската полиција тој го оштетил буџетот на Министерството за култура за половина милион евра.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога пред неколку години станал пратеник, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил деловен простор во Тетово од наследство, две куќи во Тетово, едната е од наследство, два стана во Тетово, а стан пријавил и во Струга, но не дал податок чив е.

На свое име пријавил и земјиште во Лисец, а на име на родителите пријавил земјиште во Тетово од наследство.

Вози Ауди 4, а на име на децата пријавил и возило Фолксваген.

Пријавил и чамец, за кој не дал податок чив е, како и возило Пежо, за кое исто не дал податок во чија сопственост е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хусни Исмаили избран за нов потпретседател на Собранието

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Фото: Исмаили/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витамини и минереали за повеќе насмевки и забава во зима

Редакција

(Фото) Тажни сцени од некогашната убавина: Преспанското езеро исчезнува

Редакција

Инцирана е постапка за утврдување одговорност на судијата Пајазити, кој го пушти Рамадани во домашен притвор од каде избега, објави Телма

Редакција