Денеска целото подрачје на Црна Гора, делови на Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска останаа без електрична енергија.
Проблемот настанал поради испад на мрежата на Црногорскиот дистрибутивен систем.
Црногорските медиуми јавија дека избил пожар на еден од далекуводите и дека неизвесно е кога проблемот ќе биде решен.
Претходно хрватските медиуми пренесоа дека речиси цела Далмација останала без струја, поради пад на системот во Црна Гора, а истото се случило и во голем дел од Босна и Херцеговина и Албанија.
Според последните информации струјата полека се враќа во одредени делови од овие држави.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.