Македонската берза го објави билтенот за април кој покажува дека за тој период најтргувани акции биле на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.
Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 165,1 милиони денари, со акцијата на Алкалоид 158,6 милиони денари, а со акцијата на Макпетрол 31,1 милиони денари.
Во Топ 5 најтргувани акции се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во првиот квартал
Членови на менаџментот на Макпетрол купија акции на компанијата
Горан Антевски купи 1.000 акции на Комерцијална банка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.